Свет adam-lambert

15 јули, 2013

Адам Ламберт: „Нема да објавам албум со преработки“

Пред сè, оваа вест не треба да ги загрижува фановите бидејќи Адам Ламберт и понатаму вредно работи на својот трет студиски албум, кој ќе го наследи успешниот „Trespassing“ од 2012 година и „For Your Entertainment“ од 2009 година. Тоа што се промени е неговата издавачка куќа, со која пејачот „раскина“ преку писмо до магазинот The Hollywood Repоrter. Имено, Ламберт ја прекина соработката со етикетата RCA која е дел од корпорацијата Sony, а како причина за тоа го навел инсистирањето на издавачите на следниот албум да претстави „само преработки на популарните хитови од осумдесеттите години“. Како што вели Ламберт „нив ги интересирало само тоа“, додека тој „едноставно во моментов не е фокусиран на преработки“, додавајќи дека „сега е длабоко во процесот на пишување на нови материјали со некои многу талентирани луѓе“Целото писмо можете да го прочитате овде, а уште една новост поврзана со пејачот е тоа што е новиот учесник во следната петта сезона од популарната музичка серија „Glee“.

Извор: hollywoodreporter.com

 



Врати се горе ↑