Видео

16 мај, 2019

Адам Ламберт го најави новиот албум со „New Eyes“

Откако ја претстави „емоционалната почетна точка“ од својот нов албум со темата „Feel Something“, Адам Ламберт сега го објави и првиот официјален сингл од претстојното, четврто по ред студиско издание насловено „Velvet“, за кое вели дека се инспирирал од класичниот и глам-рокот од седумдесеттите и осумдесеттите. Токму тоа доаѓа до израз и во темата „New Eyes“, потпишана заеднички со Парис Карни и Џејми Сиерота, како и во придружното видео во режија на Мајлс и Еј-Џеј.

37-годишниот музичар, кој од 2011 година настапува и како вокалист на концертите на легендарниот бенд „Квин“, новиот албум го опиша и како почеток на ново поглавје во неговата кариера, односно почеток на соработка со нови автори и продуценти. Сè уште не е познато кога ќе стигне новиот албум, но веројатно тоа ќе биде наскоро, бидејќи веќе од јули пејачот повторно заминува на светската „Рапсодиска турнеја“ со „Квин“, во чии рамки ќе одржи 41 концерт во Северна Америка, Азија и во Океанија.

Додека очекуваме повеќе детали за наследникот на „The Original High“ (2015), уживајте со најновото од Адам Ламберт – „New Eyes“!



Врати се горе ↑