Аудио al

21 април, 2015

Адам Ламберт го најави новиот албум со „Ghost Town“

Американскиот пејач Адам Ламберт, кој се прослави со учеството и освоеното второ место на „Американски идол“ во 2009 година, го најави својот нов албум со синглот „Ghost Town“. Неговото трето студиско издание ќе го носи насловот „The Original High“ и е закажано за 15 јуни, а на него ќе преовладува поп звукот со примеси на хаус и ар-ен-би: „Пред сè, ова е поп албум, но одвреме-навреме ќе се забележуваат и влијанија на хаус и ар-ен-би. Јас сум автор на целиот албум заедно со Макс Мартин и Шелбек. Многу сум возбуден и едвај чекам публиката да го чуе“, изјавил пејачот, додавајќи дека албумот не е толку личен, туку повеќе е обраќање кон слушателите: „Правам музика за публиката, а не за себе.

Покрај соло кариерата, од 2011 година досега Ламберт, заедно со Роџер Тејлор и Брајан Меј, е дел од проектот „Квин + Адам Ламберт“, како своевидна замена на покојниот фронтмент Фреди Меркјури. Неговиот нов сингл „Ghost Town“ ќе биде достапен од 7 јуни, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

 

 



Врати се горе ↑