26 декември, 2012

Аце НЛ има „Квалитетна роба“

„Квалитет, квалитетна роба! Ти си добра, знам, би биле добар пар“ се стихови од новиот сингл на еден од членовите на Токсикологија, Аце НЛ. За неговата „Квалитетна роба“, Аце сними интересен видео запис во кој се појавуваат дел од неговите пријатели и соработници, меѓу кои и Слаткар, Желе, Сара Маркоска и Џоле.

Со екипа од 80 статисти, меѓу кои и Ноќните волци на Македонија, видео записот се снимаше во Мезе Бар Сопотско и во Спортскиот Центар во Ново лисиче. Текстот го потпишува самиот Аце НЛ, додека музиката и аранжманот се на Марко Наумовски – ММ, а режијата е на Аце НЛ и Иван Ѓеоргиевски – Номадузз. Монатажата ја направија Филип Пауновски и Гоги Полизов, а позади камерата застана Дејан Џолев.

Песната воедно е и најава за неговиот нов албум „Љубов и разбирање“ кој ќе излезе следната година.

 



Врати се горе ↑