Концерт 581002_340986252663163_1034737208_n

5 јули, 2013

Аца Лукас со концерт на Охридска Маракана

На охридската „Маракана’’ (Билјанини извори) официјално е потврден концертот на еден од најангажираните српски пејачи, Аца Лукас. Настапот е закажан за 02.08.2013 година, со почеток во 21:00 часот за загревање на гостите.

На четиричасовниот спектакл во Охрид, ќе бидат изведени најголемите хитови на српската ѕвезда, која во недела на 7-ми јули со свој концерт го отвора најдобриот клуб во Будва, Топ Хил, а настанот е веќе распродаден, пишува српски Скандал. Од менаџментот на Аца, најавија 47 потврдени настапи за јули и август.

Влезниците од денес се во претпродажба по промотивна цена од 250 денари, а по 15-ти јули цената на билетите ќе изнесува 300 денари. За овој концерт се предвидени 500 фан пит и 1000 билети за трибина по цена од 500 денари, како и 500 вип влезници по цена од 1000 денари, на следниве места: Југотон, Камарад во Рамстор, Цвеќара РОЗЕ Веро 2, Мк Тикетс и продажните салони на ОНЕ низ Македонија.

 



Врати се горе ↑