Балкан nb1-aca

19 ноември, 2012

Аца Лукас со главна улога во филмот на Брега

Горан Бреговиќ го заврши сценариото за неговото првенче, мјузиклот „Кармен со среќен крај“, со кој ќе се претстави на SFF на 16-ти август следната година. Како што дознава срски Свет, главната улога во овој филм ќе ја има српскиот пејач Аца Лукас, а улогата на режисер Брега ќе му ја додели на еден од босанските режисери Данис Тановиќ, Адемир Кеновиќ или Ахмед Имамовиќ.

Според сценариото, приказната се случува во Сараево, а филмот е замислен како „лажен документарец“ кој според природата на самата приказна се сели во театар и станува опера. Јазикот на кој ќе се говори ќе биде „сараевски“ и германски, а музиката во филмот е нова и нема никаква врска со операта „Кармен“ од Жорж Бизе, туку е создадена според новата ромска музика каква што се свири денеска меѓу ромите во Европа.

 



Врати се горе ↑