Концерт 943544_10201319709295485_51212457_n

24 јули, 2013

Аца Лукас на сред турнеја ќе одмара во Охрид

На желба на Аца Лукас, менаџментот откажа неколку незначајни активности на пејачот, за тој да може со своите најблиски да одмори некој ден во Охрид. Српската атракција Аца Лукас, по својот концерт во Охрид, закажан на втори август на Билјанини Извори го потврди своето летување во Охрид, градот кој влегува во неговиот избор на топ 5 дестинации.

„Независно што летово имам закажани настани скоро секој ден, сепак ќе искористам неколку дена за да одморам со најблиските во една од моите топ 5 дестинации – градот Охрид’’, вели Аца Лукас во телефонскиот разговор со организаторот на настанот.

Одморот ќе трае само неколку дена бидејќи официјално е потврдено неговото присуство на собирот на трубачи во Гуча на 8-ми август, додека пак на 11-ти е потврден настапот на човекот кој го затвори овогодинешниот фестивал на пивото во прилеп – Брега. Фестивалот кој ќе собере бројни трубачки оркестри, ќе се одржи од 5-11 август.

Мало потсетување за влезниците за концертот на Лукас. Цената на стандард билетите изнесува  300 денари. За овој концерт се предвидени и 500 фан пит и 1000 билети за трибина по цена од 500 денари, како и 500 вип влезници по цена од 1000 денари. Картите може да се најдат на следниве места: Југотон, Камарад во Рамстор, Цвеќара РОЗЕ Веро 2, МкТикетс и продажните салони на ОНЕ низ Македонија.



Врати се горе ↑