Балкан aca-lukas-ana-bekuta-1354839819-238481

7 декември, 2012

Аца Лукас и Ана Бекута со бесплатен претпразничен концерт

Новогодишен подарок ќе добијат граѓаните на Зајечар во соседна Србија, каде што на 16-ти декември претпразничен концерт бесплатно ќе им одржат Аца Лукас и Ана Бекута. За разлика од големиот број колеги кои наплатуваат огромни суми за настапи од овој тип, овие две фолк ѕвезди нема да земат ниту денар за настапот на Плоштадот на ослободувањето во Зајечар. Организатор е телевизијата Бест, која ќе обезбеди бина и сè што е потребно за озвучување со цел граѓаните на овој град да уживаат во спектаклот.

„Телевизија Бест на своите верни гледачи од Зајечар и Тимочка Краина им подарува концерт. Нема да се коритстат пари од буџетот, а пејачите нема да добијат хонорар. Сè e гратис, подарок за граѓаните„ – открива изворот за спрски Курир. Истото го потврди и познатиот менаџер Саша Мирковиќ: „Да речеме дека јас бев ’кумот’ на договорот помеѓу Бест и пејачите. Ние не ги трошиме парите на граѓаните, за разлика од градоначалникот Ничиќ, туку им го подаруваме концертот на жителите на Тимочка Краина“ – нагласил Мирковиќ.

Ова е одлична идеја, се надеваме дека и во Македонија ќе имаме можност да видиме нешто слично.

Извор и фотографии: kurir-info.rs



Врати се горе ↑