Свет

27 април, 2018

АББА најавија нова музика по цели 35 години

Легендарната шведска група АББА соопшти дека ќе објави нова музика за првпат во последните 35 години. Во соопштението објавено на официјалниот профил на Инстаграм, бендот пишува дека „одлуката за возбудливата виртуелна турнеја имала неочекувани последици“.

„Сите четворица сметавме дека, после некои 35 години, би било било забавно повторно да ги здружиме силите и да влеземе во студио. Така и направивме. Се чувствувавме како времето да застанало и дека само сме биле на кус одмор. Сето тоа резултираше со две нови песни и едната од нив, ’I Still Have Faith In You’, ќе биде изведена од нашите дигитални двојници во телевизискиот специјал што го продуцираа Ен-Би-Си и Би-Би-Си и кој е закажан за се емитува во декември. Ние можеби остаревме, но песната е нова и чувството е прекрасно“, заклучија Агнета, Бени, Бјорн и Ани-Фрид.

❤️ #abbaofficial #abba

A post shared by @ abbaofficial on

Во своето обраќање во Брисел на 25 април, пејачот Бјорн Улвеус (72) открил дека виртуелните „аббатари“ се дизајнирани да ги претстават четирите членови на поп-групата во претстојната дигитална турнеја што се очекува во 2019 или 2020 година. Тие ќе бидат претставени како што изгледале во своите најславни денови, на што Улвеус прокоментирал: „Мислевме дека изгледавме добро таа година. Нè фотографираа од сите можни агли, нè тераа да правиме гримаси пред камерите, ни нацртаа точки на лицата и ни ги измерија главите“, објаснил тој.

АББА имаат продадено над 400 милиони албуми, а последен пат во живо настапиле во 1986 година, додека jавноста последен пат ги виде сите четворица на едно место за време на приватна забава во 2016 година.



Врати се горе ↑