Аудио 10550942_10152660142441473_3561637574041887875_n

12 август, 2014

„A Place With No Name“ е новиот сингл од Мајкл Џексон

По дуетот со Џастин Тимберлејк, темата „Love Never Felt So Good“, како втор сингл од вториот постхумен албум на поп иконата Мајкл Џексон е избрана песната „A Place With No Name“. Како што е познато, изданието насловено „Xscape“, кое беше објавено во мај годинава, содржи 8 осум претходно необјавени песни од Кралот на поп музиката. Демо снимките, кои исто така се достапни на лукзусното издание од албумот, беа „исчистени“ и добија современ звук благодарение на тим на продуценти предводени од Тимбаленд. Албумот дебитираше на 2 место во САД и 1 место во Велика Британија.

„A Place With No Name“, за која Џексон искористил семпл од песната „A Horse With No Name“ од групата Америка, доби современ звук благодарение на норвешкиот продуцентски тандем Старгејт. Интересно е тоа што видео записот за новиот сингл утре ќе биде премиерно претставен на Твитер, така што легендарната поп икона ќе влезе во историјата како прв музичар кој промовирал видео запис на оваа социјална мрежа. Во продолжение слушнете како звучи новата верзија на оваа песна, како и оригиналната демо снимка од 1998 година.

 

 

 



Врати се горе ↑