Настани

17 јуни, 2016

9. издание на „Види музика, слушни слика, добиј книга“ во чест на Боуви

Деветтото издание на мултимедијалниот настан „Види музика, слушни слика, добиј книга“ годинава ќе се одвива во чест на британската музичка легенда, Дејвид Боуви. Оркестарот на Македонската филхармонија под диригентство на Емин Џијан, придружен од Женскиот хор при МКЦ, ќе изведе некои од неговите најголемите хитови. Своите сликарски вештини на платно ќе ги претстават уметниците Агрон Абдули и Ивана Младеновска.

За вистинските фанови на Боуви бесплатно ќе бидат поделени 20.000 бесплатни примероци од книгата „Психоделија во предградието“, објавена на почетокот на 2016 година од неговата некогашна љубовница Мери Финиган, која во прво лице зборува за самите почетоци на кариерата на Боуви.

Настанот е во организација на Македонската филхармонија и МКЦ и е закажан за 23 јуни во Градскиот парк, со почеток од 21 часот.



Врати се горе ↑