Македонија

10 јуни, 2019

8 нови кандидати во втората гала-вечер на „Ѕвезда број 1“

Новото музичко шоу „Ѕвезда број 1“ започна со гала-вечерите минатата недела, кога од 13-те полуфиналисти во следниот круг продолжија дури 11 кандидати, а вчера им се придружија уште осум. Имено, во вчерашната гала-вечер повторно имавме можност да слушнеме и видиме уште 13 полуфиналисти, но пет од нив си заминаа дома.

Како и минатата недела, натпреварувачите ги оценуваше жирито составено од композиторот Александар Масевски, уметничката директорка на талент-шоуто Елена Петреска, модниот критичар Сергеј Варошлија и новинарката Валентина Тодоровска – Вања, а водители беа Жаре Бербер и новата колешка Кристина Весиќ.

Само за потсетување, победникот на „Ѕвезда број 1“ ќе добие договор со продукцијата „Арт 10“ и стан во Скопје.

Ѕвезда бр.1 – II Гала вечерВечерва на 1ТВ21:00 часотСледете не!

Gepostet von 1tv.mk am Sonntag, 9. Juni 2019

 



Врати се горе ↑