Видео

5 март, 2019

57-годишната модна креаторка од Прилеп си го исполни својот сон во „Никогаш не е доцна“

Во последната емисија на регионалното шоу „Никогаш не е доцна“ настапуваше и 57-годишната Соња Муличкоска од Прилеп. Соња важи за многу позитивна и насмеана личност секогаш со полна енергија. Таа завршила за моден креатор, а отсекогаш сакала да се занимава со музика. Овој пат таа својот сон си го исполни во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.

Таа во музичкото шоу настапи со песната „Ја те пјесмом зовем“ од Ханка Палдум, а на сцената се појави во креација која самата си ја направила. Соња од жирито доби само пофални зборови за нејзината изведба, а Милица ја пофали и дека одлично изгледа. Потоа, Соња заедно на сцената запеа и со нејзината ќерка и во дует ја отпеаја песната „Шеќерна“.

Додека двете Македонки растураа на сцената, сите прустни во студиото играа и се веселеа. Целиот настап може да го погледнете подолу на 1 ч. и 4 мин.

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑