21 декември, 2015

50 хитови од 2015 година споени во една песна

Што ако Џастин Бибер, Адел, Тејлор Свифт, Ед Ширан, Сем Смит и уште куп други пејачи се соберат заедно да направат една песна? Токму тоа го замислил Џордан Розман, познат како диџеј Ирворм (DJ Earworm), а на резултатот од таа идеја му го дал насловот „United State of Pop 2015“. „Hello“, „Sorry“, „Hotline Bling“, „Uptown Funk“, „Blank Space“, „Can’t Feel My Face“ и „Cheerleader“ се само дел од хитовите што ги освојуваа топ листите во годинава што веќе привршува, а како звучи овој интересен микс спакуван со видео инсерти од соодветните песни, можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑