Свет 50cent

22 октомври, 2012

Фифти остана без менаџер

„Нема да брзам со албумот, затоа што сега работам две работи одеднаш“ изјави раперот Фифти Сент на неговиот твитер профил. Откако блискиот соработник и менаџер на раперот, Крис Лајти се самоуби во август годинава, Фифти ги презеде сите негови обврски. Тој им порача на фановите да очекуваат нешто сосема различно од она што до сега можеше да се слушне од него, објаснувајќи дека секој артист мора да созрева на музички план и да им понуди нешто ново на публиката. Раперот рече дека хип хопот е оштетен од некои нови артисти кои кажуваат сè и сешто во нивните песни и како автентичноста повеќе не се цени.

Петтиот албум со наслов „Street King Immortal“ требаше да биде објавен на 13 ноември, но неговата промоција е одложена за јануари следната година. Првиот сингл кој го најави овој албум, излезе на 27 јули годинава, а тоа беше нумерата „New Day“ во соработка со Алиша Киз и Доктор Дре. Покрај музичката, Фифти е посветен и на филмска кариера. Имено, тој од 2006 година се има појавено како споредна улога во неколку филмови, а ќе имаме можност да го видиме и во уште неколку други. Во продолжение да го слушнеме „Новиот ден“.

 



Врати се горе ↑