Настани 10371706_10152457009107658_1166085818590315406_n

19 мај, 2014

5-то издание на „За Македонцките бассови“

На 24 мај (сабота) во клубот „Капан Ан“, во старата скопска чаршија се одржува петтото издание од серијалот забави наречен „За Македонцките бассови“. На сцената силите ќе ги вкрстат електронско дуо „Аномалиа натива“ и рап екипата  „Токсиколози“, а со свој сет ќе се претстави и електронскиот артист Кеско. „Аномалиа натива“ и „Токсиколози“ веќе се познати по своите соработки и заеднички настапи каде одлично се надополнуваат енергичната бас продукцијата на „Аномалиа“, и рап вештините на „Токсиколозите“. На сцената во „Капан ан“ ќе ги презентираат соработките меѓу овие две екипи, како и нивните посебни парчиња.

Аномалиа Натива зад себе веќе имаат два албуми, „Премногу Дрско“ [2010] и „Attention“ [2013]. Со првиот албум на ова електронско дуо се „скрши мразот“ во домашната drum’n’bass продукција и веднаш го привлекоа вниманието на домашната публика со својот посебен звук. Рап екипата Токсиколози е составена од артистите Кацар, Сиги и Џоле кои се долги години активни на хип-хоп сцената и зад себе имаат оставено неколку албуми како соло артисти. На сцената во Капан Ан ќе презентираат и нови парчиња од нивниот заеднички очекуван деби албум. На сцената со свој сет ќе се претстави и младиот електронски артист Кеско. Со албумот „Out Of Sight“ издаден за издавачката куќа DLA Black од Велика Британија Кеско дебитираше на сцената и веднаш го привлече вниманието на публиката. Во Капан Ан од овој артист може да очекуваме сет посветен на мрачната страна на drum’n’bass-от. За визулениот дел од шоу-то ќе се погрижи Мутер. На петтото издание од серијалот „За Македонските Бассови“ се очекува енергична забава до раните утрински часови.

Во прилог, погледнете дел од материјалите кои ќе бидат изведени во живо.



Врати се горе ↑