Настани amn

20 август, 2015

5. јубилејно издание на „Amnesia Open Air Festival“ во Лешок!

На 27 август Лешок и Македонија со нетрпение го очекуваат јубилејното издание на фестивалот „Амнезија“, со кој ќе се означи крајот на летото и враќањето на секојдневните обврски. Со целовечерен концерт ќе настапат веќе проверените миленици на публиката – „Нокаут“, со претходно загревање на „Шекспир“ (SheXpeare), како и битолчаните „Кон-тру-диџеј“ (ConTruDj – Zoki Conga, Dadoni Trumpet & Dj Mikar) и „Грув он“ (GrooveON) .

Меѓу досегашните артисти кои настапувале на минатите изданија во Лешок ќе ги споменеме: „С.А.Р.С.“, „Бед копи“, „Супехикс“, „Конкеринг лајон“, „Хај контрол“, „Паркети“, како и бројни диџеи од земјата и регионот. Од организаторите ни потврдуваат добра посетеност на фестивалот и оваа година (3.000-4.000 посетители), бројка која секоја следна година е сè поголема.

Влезниците можете да ги најдете во претпродажба  во „Amnesia“, „Republic“, „2Nice Bar“ и „Tropico pool“, како и во бројните тобака низ Тетово по промотивна цена од 200 ден, додека на влез истите ќе чинат 250 денари.



Врати се горе ↑