Концерт attachment

17 ноември, 2015

„5+ бенд“ со серија концерти во МНТ

Започнувајќи од 15 декември, „5+ бенд“ ќе одржи серија концерти во Македонскиот Народен Театар, а влезниците за концертите можат да се набават на билетарницата на Македонскиот Народен Театар.

Музичката група „5+ бенд“ ја сочинуваат омилените ликови од најгледаната детска телевизиска серија „5+ Фамилија“, којашто се емитува на телевизија „Телма“. Песните кои се наоѓаат на репертоарот на бендот се внимателно одбрани, со цел да се оддаде почит на дел од најважните македонски поп-рок евергрини, на некои регионални хитови, како и на интернационални песни кои оставиле белег на многу генерации. Мисијата на „5+ бенд“ е истите да ги “рециклира”, за и новите генерации да уживаат во среќните ноти на некои од најпрекрасните песни.

Се пее рок, поп, народно… во основа се пее сѐ што е убаво и ги радува ушите. Малку познат факт е дека покрај свирачи и пејачи, членовите на „5+ бенд“ се и танчери и акробати и сонувачи и актери и што ли уште не!

Ова е прво шоу во живо на „5+ бенд“, група чии песни на Јутјуб се прегледани неколку милиони пати и претставува прва можност на сцена да се видат Петко, Лина, Цветко, Комшо, Марија, Ана, Дедо Менде и Тетка Душка.

На Телма во тек е втората сезона од играната серија чиј главен лик е Петко, најпопуларниот детски ТВ карактер, кој речиси 10 години ги забавува децата и ги учи на вистинските вредности.

 

Дружбата продолжува во живо!



Врати се горе ↑