Настани

16 јули, 2019

49. „Илинденски денови“ од 27 до 31 јули во Битола

Од 27 до 31 јули во Битола ќе се одржува 49. издание на републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. Над 1.500 учесници од земјава и светот ќе дојдат во Битола и петте фестивалски денови ќе ги исполнат со песни и игри од Мексико, Индија, Русија, Италија, Белгија и Израел, а добро ќе ги препознаеме и сите наши ора и песни, познати и помалку познати, за да се потсетиме дека фолклорот обединува, зближува, и дека не постои поголем амбасадор во светот, најави директорката на фестивалот и на битолскиот Центар за култура, Маја Андоновска.

Фестивалот „Илинденски денови“ во 2017 година, на еден од светските конгреси на CIOFF [Council of International organizations of folklore festivals & folk arts] во Индонезија, стана сертифициран CIOFF Festival, еден од вкупно 100 најреномирани фолклорни фестивали ширум светот, исплонувајќи ги тие строги критериуми на оваа светска организација која е официјален пратнер на УНЕСКО, акредитирана од неговиот комитетот за чување и промовирање на традиционалната култура и фолклор кои се нематеријално светско културно наследство.

Ви ги претставуваме постерите за 49 издание на интернационалниот фолклорен фестивал ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИПрвиот постер е…

Gepostet von Ilindenski denovi am Montag, 15. Juli 2019



Врати се горе ↑