Македонија CONV_RUBBER_TRACKS_NOVI SAD_LOGO

6 април, 2015

4 македонски бендови во најдобрите 15 бендови на „Конверс рабер трекс“

Заврши првата фаза од конкурсот на „Конверс рабер трекс“ (Converse Rubber Tracks). 4 македонски бендови го поминаа првиот филтер каде што учествуваа повеќе од 100 бендови и влегоа во најдобрите 15. 7 од овие бендови ќе добијат бесплатно снимање во „Студио М“ под будното око на продуценти од Бруклин. На конкурсот учествуваа бендови од целиот регион – Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора.

Бендовите „Визија“, „Џун“ (June), „Клауд таун“ (Cloud Town) и Кепурдат“ (Këpurdhat) се македонските групи кои успеаја да влезат во потесниот избор, а клучниот збор ќе го има жири комисијата составена од Мирела Приселац – Реми (Елементал), Владимир Радусиновиќ Радуле (Атеист рап) и Марко Шелиќ – Марчело, кои ќе го направат последниот избор.



Врати се горе ↑