Настани

7 јуни, 2018

4. издание на електронскиот фестивал „Калабалак“ во Радовиш

Холандскиот диџеј и продуцент Џастин Мајло и едни од најдобрите претставници на домашната електронска сцена – „Дисконектед“, „Сирилик“ и Ампов се главните ѕвезди на 4. издание на фестивалот „Калабалак“, кој ќе се одржи на 14 јули во Радовиш, во организација на „Експириенс“.

Image result for JUSTIN MYLO

22-годишниот Џастин Мајло (Justin Mylo), чие вистинско име е Емилио Бер (Emilio Behr), зад себе има настапи на сите најголеми музички фестивали ширум светот, како што се „Ултра мјузик фестивал“ во Мајами, белгискиот „Тумороуленд“, „И-Ди-Си“ во Лас Вегас и многу други. Познат е по неговите успешни соработки со колегата и сограѓанин Мартин Гарикс, каде што заедно котираат високо на топ-листите за електронска музика ширум светот.

Фотографија на Project Kalabalak.

За комплетната програма на фестивалот „Калабалак“, како официјална домашна подршка ќе настапи Ампов (Ampov), кој редовно настапува на повеќето големи фестивали заедно со светските диџеи Мартин Гарикс, Хардвел, Равитез и многу други, а за загревање на публиката ке се погрижат сè попопуларните дуа „Дисконектед“ (Disconnected) и „Сирилик“ (Cyrillic).

Фотографија на Project Kalabalak.

Фестивалот „Калабалак“ своето прво издание го доживеа во 2015 година, со огромен интерес и оставен впечаток кај љубителите на електронската музика од Источна Македонија, како и сите кои биле дел од ова музичко доживување. Како што најавуваат организаторите, ова 4. издание ќе биде со многу поголема продукција за загарантирано доживување на фестивалот. 

Влезниците можат да се купат на „Купи карти за сè“ или на самиот влез.

Фотографија на Project Kalabalak.



Врати се горе ↑