6 септември, 2013

3G ја отворија сезоната за „Ајвар, леб и сирење“

Се ближи крајот на летото, во кое се родија многу летни хитови, но скоро и да немаме песни за претстојната сезона која е карактеристична за подготовка на зимница. Токму овој период неодамна е oпеан во песна, а темата насловена „Ајвар, леб и сирење“ е втора авторска песна која деновиве ја претстави битолскиот поп/рок состав 3G бенд.

Бендот е формиран во 2010 година како акустичен состав од двајца гитаристи, но со текот на времето се приклучуваат уште три нови членови – тапанар, басист и клавијатурист, со што 3G станува комплетен бенд. Во изминатите години настапуваат низ цела Македонија, а на македонската музичка сцена дебитираа со песната „Бубачки“ која доби и видео запис. „Ајвар, леб и сирење“ е нивна втора песна, која само го најавува она што допрва ќе следи од талентираните битолчани кои вредно работат и на својот прв албум.

За видео записот се погрижи тимот на веќе докажаната Дрим Каст продукција, а како изгледа визуелизацијата на „Ајвар, леб и сирење“ можете да видите горе. Уживајте!



Врати се горе ↑