25 јануари, 2016

35. роденден на Тоше прославен со нова песна и видео запис

На денешен ден во 1981 година е роден нашиот легендарен пејач Тоше Проески, а денеска Македонија и Балканот слават 35 години од неговото раѓање, ден кој секоја година пригодно се одбележува и во неговото родно Крушево. По повој повод, вчера беше премиерно претставена и темата „If You Wanna Leave Me“, чија латино верзија и видео запис Ве очекуваат горе.

Имено, оригиналната верзија на песната е балада, но таа сè уште се доработува во Лондон, во студиото на продуцентот Енди Рајт, со кого Тоше соработуваше за неговите песни на англиски јазик. „If You Wanna Leave Me“ воедно е и најавен сингл за неговиот претстоен албум „Secret Place“, каде што ќе бидат сместени досега необјавени песни од Тоше, меѓу кои и „Light The Flame“, „Where Do I Belong“, две инструментални верзии на познати хитови од Тоше во анплагд и електрична верзија.



Врати се горе ↑