Свет 3497155_640px

8 декември, 2012

32 години од смртта на Џон Ленон

На денешен ден, пред 32 години, светот остана без еден од најдобрите и најпопуларни пејачи – Џон Ленон, кој беше убиен пред зградата Дакота во Њујорк од страна на Марк Дејвид Чепмен.

Ленон започнал да се бави со музика уште кога имал само 12 години, а пет години подоцна кога патувал кон британскиот град Вултон, се запознал со Пол Макартни, кој станал гитарист во неговиот бенд. Во 1960 година е основан бендот Битлси, кој во наредните десет години достигна огромна слава и популарност со хитови како што се „Twist and Shout“, „Yesterday“, „Let It Be“, „Help“ и многу други.

Музичарот беше во брак со Синтија Пауел, со која го имаше синот Џулијан, а во 1966 година ја запозна неговата втора сопруга Јоко Оно, со која десет години подоцна го доби синот Шон. Брачниот пар Ленон заедно снимија албум, учествуваа во против-воените простести и приредуваа настани во име на мирот. По распадот на Битлси во 1970 година, брачниот пар се пресели во САД, каде што Џон продолжи да се занимава со музика, но и да организира мировни протести.

Убиен е на 8-ми декември, 1980 година, кога го застрела неговиот фан Марк Дејвид Чепмен. Со смртта на овој легендарен музичар, симболично завршија шеесеттите години и сè што тие претставуваа. Во продолжение да се потсетиме на неговиот најголем хит од соло кариерата, нуметата „Imagine“.

 



Врати се горе ↑