Настани

12 април, 2019

31. Саем на книга од 8 до 14 мај во „Борис Трајковски“

Триесет и првото издание на Саемот на книга ќе се одржи од 8 до 14 мај во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Покрај македонските издавачки куќи, ќе учествуваат и издавачи од Србија, Косово, Албанија и од Унгарија, која е „Земја во фокус“.

„Подготовките се во завршна фаза. Како и секоја година, очекуваме Министерството за култура како покровител на манифестацијата да овозможи поддршка за издавачите заради соодветни услови за промоција на литературата и на издавачката дејност. Очекуваме Саемот да ја надмине рекордната бројка од околу 45.000 посетители“, вели проект менаџерката на Саемот, Сања Кондарко.

САЕМ НА КНИГАТА ОД 8. ДО 14. МАЈ ВО ВИП АРЕНА БОРИС ТРАЈКОВСКИУНГАРИЈА – ЗЕМЈА ВО ФОКУСОТ Во период од 8. до 14. мај…

Gepostet von Skopje Fair am Freitag, 12. April 2019



Врати се горе ↑