Свет blog

11 ноември, 2012

30 секандс ту Марс со нов албум во 2013

Иако подолго време во јавноста се шпекулираше дека бендот 30 секандс ту Марс (30 Seconds to Mars) ќе престане со работа, сепак момците вредно работат на новото издание кое ќе биде објавено во 2013 година. Фронтменот на бендот, актерот Џаред Лето рекол дека новата плоча ќе биде „помоќна, подобра и подигната на ново ниво“. Албумот е снимен во стидиа ширум светот, во Европа, Америка и Азија и тоа во текот на турнеите на кои бендот го промовираше албумот „This Is War“.

Бендот ќе настапи на Даунлоуд Фестивалот следната година, покрај Квинс оф д стоун ејџ, Алис ин Чеинс и Моторхед.

Лето, чија што основна професија е актерството, во моментов го снима филмот „The Dallas Buyer’s Club“ во кој покрај него играат и Метју Меконахи и Џенифер Гарнер.

 

 

 



Врати се горе ↑