Свет Michael-Jackson-3-THRILLER-thriller-19281777-1152-864

30 ноември, 2012

30 години од „Трилер“

Денес се навршуваат точно 30 години откако е објавен најпознатиот албум на Мајкл Џексон, „Трилер“, кој засекогаш ја промени музичката индустрија. „Трилер“ освои седум Греми награди и е најпродаваниот албум на сите времиња, со повеќе од 65 милиони продадени примероци (според некои извори, таа бројка е 110 милиони).

Поголемиот дел од песните што се најдоа на албумот се хитови и денес, па затоа многумина сметаат дека „Трилер“ е своевидна револуција во историјата на музиката. Иако Мајкл Џексон неколку години пред неговата смрт во јавноста се појавуваше само заради скандалите, естетските корекции и бизарното однесување, без сомнеж ќе остане запаметен како еден од најсаканите музичари на сите времиња, носејќи ја титулата „крал на поп музиката“.

Својата слава ја стекна со песната „Got to be there“, а во осумдесеттите стана централна фигура во поп музиката. Видео записите за „Beat it“, „Billie Jean“ и „Thriller“ го популаризираа видеото како облик на уметност и начин на промоција на албуми. Во продолжение да се потсетуваме на култниот 14-минутен спот за песната „Thriller“, кој воедно е и еден најскапите спотови направени до сега.

Извор: On.net



Врати се горе ↑