Настани 11046473_10206419351902511_3012127962730137816_n

20 март, 2015

3. издание на „Wake Up Music Festival“ утревечер во Штип

Традицијата продолжува и овој 21 март, кога љубителите на техно и хаус музиката ширум Македонија па и пошироко доаѓаат во срцето на источна Македонија – градот Штип за да го подигнат подиумот со голема енергија и забава, која трае до раните утрински часови. Станува збор за oна што секој фан на „Wake Up Music Festival“ сонува. Организаторите Ве канат на еднодневна викенд програма која е симбол на културата и електронската музика со сетовите во живо на еден од најпознатите светскии диџеи и изведувачи на хаус музика, Кико Наваро (Kiko Navarro).

 

Атмосферата на „Wake Up Music Festival Vol.3“ овој пат ќе претставува високо-енергетска заедница на љубителите на електронската музика кои покрај Кико Наваро, инаку еден од најголемите и најпознати шпански, но светски диџеи на денешницата, ќе можат да уживаат и во вибрациите на познатите диџеи од домашната музичка сцена кои повеќепати досега го потврдиле својот квалитет и зошто се најдобри .Така свој перфроманс ќе имаат Василе, диџеј Лаки, Оливер Петковски, диџеј Иван, додека финишот ќе го означи веќе познатиот диџеј Борче Панов. Фестивалот ќе трае до раните утрински часови – 05.00.

Картите се пуштени во претпродажба по цена од 150 ден. и на врата 200 ден. Бидете и Вие дел од неповторливата забава каква досега немате почувствувано! РАЗБУДЕТЕ СЕ…Почувствувајте ги вибрациите и раскажувајте им ги на идните генерации убавите моменти за кои ние ќе се погрижиме да Ви останат во сеќавање, порачуваат организаторите.



Врати се горе ↑