Видео

16 јули, 2019

„2Ве“ со преработка на новиот хит на ДНК

Со својот нов сингл „Горе или доле“ и неговото потресно видео, кое за помалку од еден месец собра над 560.000 прегледи на Јутјуб, ДНК испратија мошне важна порака за важноста на одговорното возење. Емотивните стихови допреа и до нивните колеги од скопското трио „2Ве“, кои одлучија да направат акустична преработка на оваа песна.

Покрај бројните преработки на домашни и странски хитови, момците лани дебитираа и со авторската „100 песни“, потпишана од Ѓорѓи Крстевски, а познати се и по соработката со колешката Александра Јанева и минатогодишниот проект „Summer Jam“. Се надеваме дека наскоро ќе нè почестат со уште една нова песна, а во меѓувреме уживајте со одличната акустична преработка на „Горе или доле“!



Врати се горе ↑