Балкан 10300971_774421409276462_9089169531753016496_n

3 јули, 2014

„Ту челос“ со златен тираж во Јапонија

Хрватското дуо „Ту челос“, кое го освои светот со одличните и уникатни преработки на познати хитови, деновиве забележа уште еден успех. Нивниот втор албум „IN2ITION – Collectors Edition“ кој е продаден во повеќе од 100 000 примероци, на јапонскиот пазар постигна златен тираж. Оваа албумска колекција доби и награда за најдобар инструментален албум на „Japan Gold Disc Award 2014“, а песната „Kagemusha“ награда за песна на годината според бројот на симнувања од интернет. Истата композиција е на прво место по симнувања од интернет на класична музика на сервисот „Рекочоку даунлод“.

Благодарение на сето тоа дуото доби и пофалба од компанијата „Sony Мusic Japan“ за посебен придонес на компанијата „Artist of Special Contribution to the Company 2013“. Популарноста на 2Cellos во Јапнија го потврдуваат и неодамна распродадените концерти и тамошните обожаватели од кои некои дури биле на нивниот концерт во Загреб.

Пред неколку дена „2 Челос“ освоија посебна награда од хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ за промоција на Хрватска во светот  и награда „Порин“ за најдобро ДВД издание „ Live At Arena Zagreb“.

Видео записот за темата „Thunderstruck“, обработка на песната на групата „Еј-си-си-си“ на ЈуТјуб досега е прегледан повеќе од 20 милиони пати.

 



Врати се горе ↑