21 декември, 2012

„Ту челос“ со уште една одлична преработка

Хрватското дуо „Ту челос“, односно Стјепан Хаусер и Лука Шулиќ продолжуваат со одличните преработки на најголемите рок хитови. Овој пат за нумерата Supermassive Black Hole“ од групата „Мјуз“ (Muse), соработуваа со ѕвездата од музичката ТВ серија „Glee“, пејачката Наја Ривера, за која снимија интересен видео запис, а истиот можете да го погледнете горе. Песната ќе се најде на новиот албум „In2ition“, кој го продуцираше Боб Езрин, а во продажба ќе се најде од 21 јануари.

Младите момчиња го снимаа албумот во Загреб, Рим, Нешвил, Лас Вегас и Лос Анџелес, а покрај Наја Ривера, соработуваа и со Елтон Џон за нумерата „Oh, Well“ (Флитвуд мек), како и со Стив Ваj за „Highway to Hell“ (Еј-си-ди-си), за кој веќе е снимен видео запис, доколку не сте го виделе до сега, можете да го погледнете овде.

 



Врати се горе ↑