25 август, 2015

„2Бона“ со нов видео запис

Ексклузивците на „Иноватива груп“, „2Бона“ или Марио Јелиќ- Кун (продуцент, текстописец и артист) и Антонио Стојановски- Тонито (текстописец и артист) го сочинуваат новиот хип-хоп, трап, ар-ен-би состав. Ова дуо вчера попладне го пушти во етер новиот сингл со нов видео запис насловен „Земи го“.

Комплетната музичка продукција е изработена од еден од членовите – Кун, а видеото беше работено под продуцентската палка на „Иноватива груп“ и во реализација на продукцијата „Сторителер“. Како режисер на видео записот се потпиша Дарко Манасијески, улогите во спотот ги играа Мартина Михајловска и Моника Саболиќ.

Преку оваа песна, публиката ќе има можност повтоно да види и слушне нешто поинакво на домашната сцена, нов и модерен звук, а како звучи и изгледа новиот сингл и видео запис на „2Бона“ можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑