9 април, 2017

„2Бона“ и Слаткаристика „Би направиле сè“

Хип-хоп, трап и ар-ен-би дуото „2Бона“, кое дебитираше на музичката сцена во 2015 година, за својот нов сингл ги здружи силите со колегата Слаткаристика. Станува збор за темата насловена „Би направил сè“, чии автори на музиката и текстот се самите тие, а за аранжманот и продукцијата им помогна Иван Јованов. Сето тоа спакувано во текстуален видео запис од страна на Филип Пауновски од продукцијата „Сторителер“ можете да го слушнете и видите горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑