Балкан

10 април, 2019

„2Бона“ и Елена Китиќ ги здружија силите за „Colombiana“

Скопското дуо „2Бона“ ги здружи силите со својата српска колешка Елена Китиќ за темата насловена „Colombiana“. Марио Јелиќ Кун и Антонио Стојановски, заедно со Милан Радуловиќ Лаќа и со Елена се потпишуваат и како автори на стиховите, додека музиката е на Џошуа Петручио, а аранжманот и мастерот се на едната половина од „2Бона“ – Марио Јелиќ.

Оваа прва соработка за нашите музичари со ќерќата на популарните пејачи Миле Китиќ и Марта Савиќ, ја екранизираше Љуба, а како изгледа и звучи нивната „Colombiana“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑