Концерт

31 јануари, 2019

25 години „Суперхикс“ во МКЦ

„Суперхикс банда инструментале“ ќе прослави 25 години од првиот настап во некогашниот „Доорс Дебармаалски“, па токму на истиот ден (3 март 1994 – 3 март 2019), цели 14 години по легендарниот концерт, повторно во МКЦ!

„Најголемите хитови, полна бина гости, специјален амбиент и двочасовно лудило за првата ’25ка! Ветуваме дека ќе продолжиме и по 27-мата“, порачуваат музичарите и најавуваат нов сингл што би требало да стигне деновиве.

Фотографија на Superhiks.

На 3 март пред две години стигна и засега најновиот албум на „Суперхикс“ – „Underground Evergreens“, на кој се сместени хитовите „Рампарарам“, „Мајмуни“, „После толку години“ и други.

Влезниците за настанот се веќе пуштени во продажба од понеделникот (29 јануари), а истите се во строго ограничен број и по цена од 300 денари можете да ги набавите САМО во билетарницата на МКЦ или онлајн преку bileti.mkc.mk.



Врати се горе ↑