14 декември, 2016

„24К магија“ со Бруно Марс и Џејмс Корден

Бруно Марс е најновиот гостин во автомобилот на Џејмс Корден. Познатиот пејач направи вистинска забава пеејќи дел од своите најголеми хитови, како и песни од актуелниот албум „24К Magic“, а се присети и на своите музички почетоци кога на возраст од само 4 години го имитираше кралот на рокенролот, Елвис Пресли.

„24К Magic“, „Grenade“, „Versace On The Floor“, „Uptown Funk“ и „Perm“ се дел од хитовите што Марс ги запеа во дует со популарниот водител, а како изгледаше ова забавно возење можете да погледнете горе. Уживајте!

d1namry8jus7rphgz9z0



Врати се горе ↑