Аудио

3 јуни, 2018

23-годишен Македонец работи во Лос Анџелес за продуцентот на Еминем и Ники Минаж

Дваесет и тригодишниот Драги Иванов, дипломиран студент на музичкиот колеџ „Беркли“ во Бостон, веќе една година работи како главен инженер во продукциската куќа „Кид ин а корнер“ (KIDinaKORNER) во Лос Анџелес, на музичкиот продуцент и текстописец Алекс да Кид. Британскиот продуцент работел со ѕвезди како Еминем, Ники Минаж, Доктор Дре, Пи Диди, „Имеџин дрегонс“ и Шерил Кол.

Иванов е роден во Гевгелија, се школувал во Скопје, а гитара свири од 12 години. Со бендот „Ден рајс“ настапувал со авторска музика. Во 2013 година аплицирал за „Беркли“, а за аудицијата од 15 минути подготвил аранжман од „Хромазон“ на Мајк Стерн и од македонското Касапско оро.

Мојата цел беше сѐ да биде отсвирено, снимено и продуцирано од мене. Со мала помош од Валентино Скендеровски, кадешто учев основи на музичка продукција, успеав да го направам тоа. Аудицијата беше во март 2013, а во септември добив писмо дека сум примен на Беркли“, изјави Иванов за „Смарт СДК“, а целиот прилог прочитајте го овде.

 



Врати се горе ↑