За Вас maxresdefault

20 февруари, 2015

22 песни кои најчесто ги слушаме во филмовите

Филмовите не би биле тоа што се без музика. Токму музиката и песните направиле одредени сцени засекогаш да останат во нашето сеќавање, без разлика дали станува збор за комедија, хорор, трилер или драма. Некои од нив имале толку голем ефект што биле искористени и во бројни други филмски остварувања. Од „Смеш маут“ до Џуди Гарланд и Џими Хендрикс, во продолжение Ве очекува список со 22 песни кои најчесто сме ги слушале во филмовите.

Џими Хендрикс – „All Along The Watchtower

И покрај тоа што верзијата на Боб Дилан беше дел од оскаровскиот „Американска убавина“, Хендриксовата верзија може да се слушне во десетици филмски и телевизиски проекти, вклучувајќи ги „Форест Гамп“, „Трка“ (Rush), „Чувари“ (Watchmen) и „Приказна од Бронкс“ (A Bronx Tale). 

 

„Би џис“ – „Stayin’ Alive

Диско хитовите беа неизоставен дел од филмовите снимени во доцните седумдесетти години, но воведот во „Треска на саботната вечер“ со „Stayin’ Alive“ е историски. Овој класик на „Би џис“ секогаш ќе биде поврзуван со легендарниот филм и младиот Џон Траволта, но оттогаш бил искористен и за филмови како што се „Виртуозност“, „Ноќ во Роксбери“, „Откачени старци“, „Мадагаскар“, „Гол пиштол“, „Види кој зборува“, „Бебиња генијалци“ и многу други.

 

Вангелис – „Chariots Of Fire“

Насловната тема од истоимената олимписка драма од 1981 година, инспиративната „Chariots Of Fire“ од грчкиот композитор Вангелис често е користена во пародични сцени во филмови како што се „Хепи Гилмор“, „Олд скул“ и „Мадагаскар“.

 

„Jaws Theme“

Двете хорор ноти на Џон Вилијамс од блокбастерот „Ајкула“, кој во 1975 година го режираше Стивен Спилберг, се искористени да го зголемат ефектот на страв и терор во бројни други филмови, од „Голф клуб“ (Caddyshack) до „Вселенски јајца“ (Spaceballs).

 

„Џеферсон ерплејн“ – „Somebody To Love”

Рок химната од 1967 година често се користи во психоделични сцени во филмови како што се „Страв и омраза во Лас Вегас“ (Fear and Loathing in Las Vegas) и незаборавното караоке шоу на Џим Кери во „Момчето од кабелската телевизија“ (The Cable Guy).

 

„O Fortuna“

Интерпретацијата на германскиот композитор Карл Орф на поемата „O Fortuna“ стана синоним за драматични сцени, а се смета за една од најкористените музички теми во филмските и телевизиските проекти. Може да се слушне во филмовите „300“, „Екскалибур“, „Брзина“, „Матрикс револуција“, „Последниот Мохиканец“, „Симпсонови“, „Џекес“, „Преку нејзиното мртво тело“, филмот за групата „Дорс“ и многу други.

 

„Ролинг стоунс“ – „Gimme Shelter

Насилството од војната во Виетнам беше преточено во извиците и гитарските звуци во познатата „Gimme Shelter“ на „Стоунси“, која очигледно е една од омилените песни на Мартин Скорсезе. Познатиот режисер ја искористи оваа тема во филмовите „Добри момци“ (Goodfellas), „Казино“ и „Двојна игра“ (The Departed). Покрај нив, песната може да се слушне и во „Лет“ (Flight), „Обожувател“ ( The Fan)  и „Свет на криминалот“ (Layer Cake).

 

„Катрина енд д уејвс“ – „Walking Оn Sunshine

Овој поп-рок хит од осумдесеттите години на минатиот век може да се слушне и во филмови објавени неколку децении подоцна, како што се „Фанатик“ (High Fidelity) и „Американски психопат“.

 

„Џорџ Торогуд енд д дистројерс“ – „Bad to the Bone“

Иако оваа песна не беше хит веднаш по објавувањето во 1982 година, филмските и телевизиските проекти (како и неколку реклами) и дадоа нов живот. Покрај „Замка за родителите“ (The Parent Trap) и „Мајорот Пејн“ (Major Payne), „Мегамозок“, „Мачки и кучиња: Одмаздата на мачката Галор“,„Проблематично дете 1 и 2“, темата „Bad to the Bone“ се слуша и во сцената во барот од блокбастерот „Терминатор 2: Судниот ден“.

 

„Линирд скинирд“ – „Sweet Home Alabama

Познатата химна за Југот на Америка се слуша во филмови како што се „Летечки затвор“ (Con Air), „Тексашки масакр со моторна пила“, „Одвратниот јас“, „Девојката од соседството“, „Осмата милја“, како и истоимената романтична комедија со Рис Витерспун од 2002 година.

 

Карл Даглас – „Kung Fu Fighting

Диско хитот за древната азиска култура најчесто се користи во комедиите со боречки вештини, а се слуша во „Нинџата од Беверли Хилс“, „Боуфингер“, „Бркотница 3“ (Rush Hour 3), „Кунг фу панда“, „Одвратни шефови“, како и бројни други филмски остварувања.

 

Џуди Гарланд – „Over The Rainbow

Со Оскар наградената балада секогаш ќе ни асоцира на легендарниот филм „Волшебникот од Оз“, и покрај тоа што со текот на времето се снимени бројни други верзии за филмови како што се „Бессони во Сиетл“, „Малиот глас“  и „Добивте пошта“. Верзијата на Израел Камакавиво’оле од 1993 година, која е мешавина од „Over The Rainbow“ и „What a Wonderful World“ од Луис Армстронг, исто така е искористена во бројни филмови, меѓу кои „50 први состаноци“, „Запознајте го Џо Блек“ и „Барајќи го Форестер“.

 

„Бафало Спрингфилд“ – „For What It’s Worth

Песната која стана заштитен знак за доцните шеесетти години и сите кои протестираа против војната во Виетнам, неколку децении подоцна беше искористена за слични сцени во филмовите „Тропска грмотевица“, „Форест Гамп“, „Доаѓање дома“, „Појадок на Плутон“, „Шеесеттите“, „Родени на 4 јули“ и други.

 

Луис Армстронг – „What a Wonderful World

Снимена од Луис Армстронг во 1967 година, оваа песна беше искористена да го долови чувството на еуфорија (или лажна еуфорија) во неколку филмови, меѓу кои најпознат е „Добро утро, Виетнам“ со Робин Вилијамс, а се слуша и во „Мајкл“, „Што сакаат девојките“, „Чуден петок“, „Нова година“, „Харолд и Кумар бегаат од Гвантанамо Беј“, „12 мајмуни“, „Запознајте го Џо Блек“, „Мадагаскар“ и други.

 

„Фајв стерстепс“ – „O-oh-child

Оваа соул песна, која во 1970 година ја сними чикашкиот бенд „Фајв стерстепс“, продолжи да живее во популарната култура благодарение на тоа што беше искористена во филмови како што се „Чувари на галаксијата“, „Приказна за ајкулата“, „Мост до Терабитија“ и „Момците од соседството“.

 

„Спандау балет“ – „True“

Песната која засекогаш ќе асоцира на игранката во филмот „16 свеќи“, беше искористена и во „Пејач на свадби“, „Чарлиевите ангели“, „Не уште еден тинејџерски филм“, „Дуплекс“ и други,  а и како основа за песната „Set Adrift on Memory Bliss“ на Пи-ем Дон.

 

„Степенвулф“ – „Born to be Wild“

Можете ли да ги замислите друга песна додека Питер Фонда и Денис Хопер се возат на своите мотори во култниот филм „Голи во седло“ (Easy Rider)? Секако дека не. Оваа песна на „Степенвулф“ стана заштитен знак за бунтовништвото во филмовите, а се слуша и во „Дива Америка“, „Нимфоманијак“, “„Д-р Дулитл 2“, „Хотел за кучиња“, „Борат“, „Моето име е Ерл“, „Дадли Ду-Рајт“ и други.

 

Стиви Вондер – „My Cherie Amour

Љубовната песна на легендарниот Вондер се слуша во филмот „Во добро и во зло“ (Silver Linings Playbook), кога Бредли Купер сфаќа дека жена му го изневерува, како и во „Речиси славни“ (Almost Famous).

 

„Марки Марк енд фанки банч“ – „Good Vibrations“

Пред да започне холивудска кариера, Марк Волбегр создаваше поп хитови кои сè уште се користат во бројни филмови. Познатата „Good Vibrations“ од 1991 година се слуша во „Дон Џон“, „Рок ѕвезда“, „Мајти дакс“ и други.

 

„Смеш маут“ – „All Star

Пред да стане поп хит од деведесеттите години на минатиот век, оваа песна беше вклучена на саундтракот за филмот „Мистериозни луѓе“ (Mystery Men), а главните ликови се појавија и во официјалниот видео запис. „All Star“ подоцна беше искористена и во анимираниот филм „Шрек“, како и во „Трка на стаорци“ (Rat Race), каде што во една сцена е прикажан и концерт на „Смеш маут“.

 

Марвин Геј и Тами Терел – „Ain’t No Mountain High Enough“

Покрај оригиналната верзија на Марвин и Тами, оваа песна ја сними и Дајана Рос, а токму нејзината верзија се појави во филмови како што се „Маќеа“ (Stepmom), „Сестри во акција 2“ (Sister Act) и „Сеќавање на Титаните“ (Remember the Titans).

 

„Вор“ – „Low Rider

Песната, која бендот „Вор“ (War) ја сними во 1975 година, со текот на времето беше преработувана и искористена како основа за бројни други песни и филмови, а може да се слушне во „Збунети“ (Dazed and Confused), „Чич и Чонг: Зачадени“ (Cheech and Chong – Up In Smoke), „60 секунди“ , „Петок“, „21 грам“, „Љубовен напиток број 9“ и други.

 



Врати се горе ↑