Видео bm

9 ноември, 2014

21 песна која ќе Ви пробуди носталгија…

…ако сте девојка родена кон крајот на осумдесеттите и во текот на деведесеттите години

Музиката има голема улога во нашите животи, но со особено задоволство се сеќаваме на песните кои биле популарни во нашите тинејџерски денови. Иако секојдневно се објавуваат нови песни и видео записи, убаво е малку да се потсетиме и на постарите хитови, па така порталот „Базфид“ направи листа од 21 песна која сигурно ќе им пробуди носталгија на родените кон крајот на осумдесеттите и во текот на деведесеттите години.

1. Бритни Спирс – „Oops!… I Did It Again“

Смислувањето на кореографија со другарките во дневната соба беше неизбежно…

 

2. Ти-ел-си – „No Scrubs“

Зборовите од оваа песна веројатно никогаш нема да Ви излезат од главата…

 

3. Џеј Ло и Џа Рул – „I’m Real (Remix)“

Оваа песна е единствената причина зошто некој би помислил да носи плишани тренерки.

 

4. Бекстрит бојс –  „I Want It That Way“

Песна и видео запис кои се дефиниција за девесететтите години и кои не можете да не ги сакате. И сигурно сè уште знаете добар дел од текстот.

 

5. Кристина Агилера – „What A Girl Wants“

Сигурно било невозможно да се воздржите и да не запеете од петни жили во својата соба кога мислите дека никој не Ве слуша.

 

6. Бренди и Моника – „The Boy Is Mine“

Во стилот на Мајкл Џексон и Пол Макартни, кои петнаесетина години порано ја отпеаја „The Girl Is Mine“ (1982), Бренди и Моника ја направија химната на ривалството меѓу девојките кои сакаат исто момче. Песната нè освои уште со воведната мелодија….

 

7. Мараја Кери и Џеј Зи – „Heartbreaker“

Своевремено изгледаа како мошне необично дуо, но оваа песна докажа дека одлично звучат заедно.

 

8. Ашер – „U Dont’ Have To Call“

Тој глас, тие мелодии и тој ритам направија многу девојки веднаш да се вљубат во него…

 

9. Дестинис чајлд – „Say My Name“

Песната ги научи девојките да не веруваат во сè што ќе им кажат момците…

 

10. Ен-синк – „It’s Gonna Be Me“

Секоја девојка имаше еден омилен член од групата, но најчесто тоа беше Џастин Тимберлејк…

 

11. Пинк – „Get This Party Started“

Ниту една забава не поминуваше без овој хит!

 

12. Џастин Тимберлејк – „Like I Love You“

Иако распадот на групата „Ен-синк“ им ги скрши срцата на бројни девојки, сепак Џастин успеа да се „извини“ со оваа песна…

 

13. Ноу даут – „Hey Baby“

Сите сакаа да бидат како Гвен.

 

14. Алија – „Rock The Boat“

Иако имаше куса, но мошне успешна кариера, Алија позади себе остави огромни хитови, а еден од нив е и овој…

 

15. Шакира – „Whenever, Wherever“

Можеби сте го преиспитувале нејзиниот глас, но сигурно сте сакале да танцувате како неа!

 

16. Вил Смит – „Gettin’ Jiggy Wit It“

Ритамот е толку заразен што неговиот талент за рапување не е толку важен….

 

17. Лу Бега – „Mambo No. 5“

Со толку многу имиња во рефренот, се гордеевте ако успеевте да ги запаметите сите!

18. Ауткест – „Hey Ya“

Можеби не знаевте што точно значи „Shake it like a Polaroid picture“, но не било ни важно.

 

19. Миси Елиот – „Work It“

Не го знаевте точниот редослед на зборовите, но тоа не Ве спречуваше да пробате да отпеете најдобро што можете.

 

20. Нели Фуртадо – „Turn Off The Light“

Уште еден одличен хит без кој не поминуваше ниту една забава (иако ремиксот на Тимбаленд звучеше можеби уште подобро).

 

21. Кајли Миног – „Can’t Get You Out Of My Head“

Иако во оригиналната листа стои Aaron’s Party (Come Get It) од Арон Картер, сепак решивме да ја додадеме песната која навистина не можевме да ја извадиме од главата…

Извор: buzfeed.com/mtv



Врати се горе ↑