Свет bbb21e1869149a360a0fa036363b7a74

15 декември, 2012

„21“ на Адел најпродаван албум во САД за 2012 година

Британската пејачка Адел за оваа година доби уште една награда, бидејќи компанијата Ајтјунс (iTunes) соопштила дека нејзиниот албум „21“, кој исто така доби и Греми награда, е најпродаван во САД за 2012 година. Адел (24), минатата година стана прва музичарка која собори три Ајтјунс рекорди – најпродаван албум, сингл и уметник на годината.

Ајтјунс немаат соопштено прецизни податоци за оваа година, но се знае дека Адел помина многу подобро од кантри поп ѕвездата Тејлор Свифт и нејзиниот албум „Red“, како и британскиот фолк бенд Мамфорд енд Санс со нивниот „Babel“.

Албумот „21“ кој е објавен во феврурари 2011 година е еден од најбараните и најслушани албуми во САД, пишува Ројтерс.

 



Врати се горе ↑