Свет 13676479

25 ноември, 2012

21 година без Фреди Меркјури

Вчера, 24-ти ноември, се наврши точно 21 година од смртта на рок легендата Фреди Меркјури. Британскиот пејач чие вистинско име беше Фарок Булсара, а по потекло е од Занзибар, Индија каде што и живееше до неговите тинејџерски години, е еден од најголемите музички легенди на сите времиња, со вокален распон од преку 4 октави. Пејачот заедно со бендот Квин има снимено 15 студиски албуми, на кои се наоѓаат безвременските хитови како што се „Bohemian Rhapsody“, „The Show Must Go On“, „We Are The Champions“, „Radio Gaga“, „Under Pressure“ и многу други.

Покрај работата со Квин, Меркјури беше успешен соло пејач, а соработуваше и со шпанската оперска певица Монсерат Кабаље со која заедно ја испеаја прекрасната „Барселона“, но и седум други песни од истоимениот албум.

Некаде на почетокот на годинава беше најавено и филмско остварување за животот на оваа музичка легенда, а главната улога би требало да ја игра британскиот актер Саша Барон Коен (Али Џи/Борат/Бруно/Диктаторот), a според Википедија ќе излезе во 2014 година.

Во продолжение слушнете една од најдобрите и најмоќни песни од Квин, познатата Бохемиска Рапсодија.

 



Врати се горе ↑