15 декември, 2013

2013-та според ЈуТјуб

Најпосетуваната интернет платформа ЈуТјуб, која годинава ги лансираше и своите први музички награди, деновиве претстави интересен видео запис во кој ги сумираше сите музички хитови кои ја одбележаа 2013 година. Во видеото кое трае околу 6 минути можат да се слушнат рефрените на хитови како што се „Blurred Lines“ од Робин Тик, Фарел Вилијамс и Ти Ај, мега хитот „Get Lucky“ од Дафт Панк, Фарел и Најл Роџерс, „Gentleman“ од Псај, виралната сензација „Harlem Shake“, „Thrift Shop“ од Меклмор и Рајан Луис, а ќе препознаете и сцени од популарните видео записи на Мајли Сајрус, Лејди Гага, хитот „What Does The Fox Say?“ и други.

Како изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑