Свет

25 декември, 2018

200 години од компонирањето на „Тивка ноќ”

Во Австрија се одржуваат серија изложби посветени на 200-годишнината од компонирањето на познатата божиќна песна „Тивка ноќ“, која првпат јавно била испеана на 24 декември 1818 година.

Текстот на „Тивка ноќ“ е пишан од свештеникот Јозеф Мор (1792-1848) во Маријапфар. Две години подоцна Мор бил префрлен во друга парохија, во Оберндорф, каде што го замолил локалниот учител Ксавер Грубер (1787–1863) да компонира музика за неговата поема.

Related imageКапелата „Тивка ноќ“ во Оберндорф

Директорот на музејот во Салцбург и австриски историчар, Мартин Хохлајтнер истакнува дека „Тивка ноќ“ од тогаш е „една од најпеените песни од страна на христијаните ширум светот“. Текстот е преведен на речиси 300 јазици и дијалекти, вклучувајќи го и македонскиот јазик, што покажува дека „песната секаде ја прифаќаат како своја“, додава Хохлајтнер, поради што таа е своевиден бренд.

 

Австриската комисија на УНЕСКО песната „Тивка ноќ“ ја стави на листата културно наследство на земјата. Фактот дека постојано е инспирација за изложби и дека играла улога и во политиката во периодот меѓу двете војни во 20. век исто така придонел за тоа да се најде на листата, вели Хохлајтнер.

Двестегодишнината од песната се прославува со мјузикл и нова книга посветена на песната, како и со апликација и со 600 настани поврзани со неа.

Извор: Deutsche Welle



Врати се горе ↑