Свет imagegen

8 декември, 2016

20 најпродавани празнични албуми на векот

Сите имаме омилени божиќни песни на кои се навраќаме секоја година за време на празниците, но вкусовите на оние најстрасните љубители може да ги задоволи само комплетен албум со свежи преработки на празнични класици, па и по некоја нова, идна омилена тема. Со оглед на тоа што најубавиот период од годината е сè поблиску, тоа секако се одразува и на официјалните топ листи.

Веќе Ви пишувавме дека божиќниот евергрин на Мараја Кери повторно се врати меѓу најдобрите 40 на британската сингл листа, а нејзиниот албум „Merry Christmas“, каде што е сместена „All I Want For Christmas Is You“, официјално е едно од најпродаваните изданија за овој век.

Имено, британската компанија „Офишал чартс“ објави листа од дваесетте најпродавани празнични албуми за 21. век, започнувајќи од 2000 година досега. Воопшто не нè изненадува фактот што на самиот врв на оваа листа е токму кралот на празниците, Мајкл Бубле, чие издание насловено едноставно „Christmas“ во Велика Британија е продадено во 2,4 милиони примероци, а воедно е и единствениот божиќен број 1 што во својот наслов го содржи зборот Божиќ. Од неговото објавување во 2011 година, албумот секоја година се враќа меѓу најдобрите десет, каде што се наоѓа и во моментов.

Меѓу најпродаваните 20, со дури два албуми е присутен уште еден музички крал – легендарниот Елвис Пресли, чии изданија „Christmas Peace“ и „Christmas Wishes“ се најдоа на 5. и 20. место, а тука се и празничните албуми на Френк Синатра, Род Стјуарт, Кајли Миног, Сузан Бојл, Леона Луис, Андреа Бочели и други.

Официјалната листа на 20-те најпродавани празнични изданија за 21. век е следната:

albumi

Извор и фотографии: officialcharts.com



Врати се горе ↑