Македонија Vizit za pecatenje_Monika

31 март, 2013

20 години „Охрид Фест“

Фестивалот „Охрид-фест – Охридски трубадури“ распиша конкурс за јубилејното 20-то издание, кое ќе се одржи кон крајот на август. Фестивалската програма ќе ја отвори детскиот настан „Чунга лунга“. Втората вечер ќе биде посветена на новите ѕвезди, а третата на фолк-пејачите. Претпоследниот ден од фестивалската програма ќе биде резервиран за поп-изведувачите, а крајот ќе им припадне на интернационалните ѕвезди.

На конкурсот на фестивалот можност да учествуваат имаат сите автори, кои треба да ги испратат песните до 15-ти мај преку имејл. На конкурсот се испраќаат демо-аудиоснимка од песните, текст и контакт. Авторите на композициите имаат право да предлагаат интерпретатори за своите песни, но конечниот избор на пејачите го одредува фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури“.

На конкурсот на интернационалната вечер можат да учествуваат и автори од цел свет со песни што се премиерно изведени во 2013 година или со сосема нови композиции.

Извор: Дневник



Врати се горе ↑