Свет backstreet-boys-600

23 април, 2013

20 години Бекстрит Бојс

Популарната американска група Бекстрит Бојс одбележа две децении работа најавувајќи светска турнеја и звезда на холивудската патека на славните. „Се вративме и не заминуваме никаде“ – им рекол на фановите Ник Картер (33) на вчерашното откривање на ѕвездата.

Членовите на групата основана во 1990 година беа видно возбудени додека им за заблагодарубаа на фановите и семејствата за нивната поддршка. „Ова е прекрасен ден. Прекрасен начин да прославиме 20 години заедно“ – изјавил Кевин Ричардсон со насолзени очи.

Бендот е формиран во 1993 година на Флорида и има продадено повеќе од 130 милиони албуми ширум светот. Познат е по хитовите „I Want It That Way“, „Shape of My Heart“ и многу други. По неколку кризни моменти на почетокот на 2000 година и заминувањето на Ричардсон, групата повторно се собра минатата година и во мај заминуваат на светска турнеја. Новиот албум ќе пристигне на лето, а  документарниот филм се очекува следната година.

 



Врати се горе ↑