Македонија avalon-20-godini

1 јануари, 2013

20 години Авалон Продукција

На денешен ден пред 20 години започна да функционира Авалон продукција, дефинитивно најголемата промотерска и букинг агенција на Балканот. Од 1999-та година, кога на музичкиот пазар се појави деби-албумот на Тоше Проески – „Некаде во ноќта“, до денес Авалон има објавено 40-ина албуми на најголемите македонски музички ѕвезди, како и неколку лиценцни изданија од пејачи од поранешна Југославија. Дел од албумите кои ги објави Авалон всушност се македонската музичка антологија.

Меѓу другото, во својата долга и плодна работа, Авалон продукција едно време беше вткаена и во кариерите на Тоше Проески, Каролина Гочева, Ареа, Влатко Стефановски, Нокаут, Владо Јаневски, Мизар, Врчак, Ерзана, Мизар/ Кисмет, Златко Ориѓански… Исто така Авалон продукција беше заслужна и за славеничката турнеја на Леб и сол, во чест на јубилејот – 30 години постоење. Под закрилата на Авалон и понатаму успешно траат кариерите на Каролина и Ареа. Исто така, секое значајно име од регионалната музичка сцена, Авалон го има донесено на концерт во Македонија – Од Електрични оргазам до Горан Бреговиќ…

avalon-jubilej

Последниве десетина години основна ориентација на Авалон е букирање и организирање на концерти на светски музички артисти на целиот Балкан. Авалон на овие простори ги донесе: Faithless, The Prodigy, Pet Shop Boys, Simple Minds, Deep Purple, Whitesnake, Apocalyptica, Tiesto, Paul Oakenfold, Roger Sanchez, Bryan Ferry & Roxy Music, Pink, Placebo, Paul Van Dyk, Lenny Kravitz, James Blunt, Simply Red, David Byrne, Santana, George Benson, Bob Sinclar, Underworld, 50 Cent, Bob Dylan, Billy Idol, Vanesa Mae, Guano Apes, Hurts, Joe Cocker, Amy Winehouse, Moby, Judas Priest, Whitesnake, Jamiroquai, Ozzy Osbourne, Duran Duran, The Darkness… Од Скопје гори... до Belgrade Calling!

Всушност, многу полесно е да се направи списокот на имињата кои Авалон не ги донесе на Балканот, од списокот со кого се имаат соработувано. Среќен роденден Авалон Продукција!

Извор: МММ



Врати се горе ↑