Интервју 1531916_581612895250959_593222352_n

23 декември, 2013

20 години Авалон: „Нашата работа нема смисла ако во неа нема страст, а страста понекогаш убива!“

Продукцијата која застана позади голем дел од најпознатите македонски музички имиња и ги организира најголемите концертни случувања на Балканот, Авалон продукција годинава слави јубилеј од 20 години. По тој повод, музичкиот новинар Иван Бечковиќ, кој е добар познавач и аналитичар не само за работата на Авалон, туку и комплетните состојби на музичкиот бизнис на целиот Балкан, го направи најобемното и најкомплетно интервју со луѓето од компанијата.

Приказната за успехот на Авалон продукција на севкупната регионална концертна сцена всушност е приказна за суровата посветеност на работата на неколку наши рокенролери, предводени од браќата Бобан и Даниел Милошески. Од 1993 година, кога го организираа својот прв голем концерт, до крајот на 2013-та, бројот на концерти во нивната режија ја надминува бројката од 250. Меѓу многубројните се и легендата Боб Дилан, перјаницата на ХМ сцената Ајрон Мејден и несреќната Ејми Вајнхаус… Списокот на имињата со кои работеа во последнава деценија директно ги издвојува како најуспешна концертна и букинг компанија на овие простори. Или како што ги нарекуваат во британските, специјализирани магазини за музичка индустрија „Leading company among independent comapnies in the ex Yougoslav theritories”. Дел од ова ексклузивно интервју е објавен во неделникот ТЕА Модерна, а во целост можете да го прочитате на овој линк.



Врати се горе ↑