Аудио Fotografija_Marko Selic Marcelo

3 септември, 2014

„20 000“, нова најава на „Напнатото шоу“ на Марчело

Бидејќи расте напнатоста кај публиката очекувајќи го „Напнатото шоу“ на Mарчелона неговиот официјален канал на Јутјуб (MarcheloOfficial) поставена е уште една најава за овој долгоочекуван проект, односно работната верзија на песната „20 000“. „Напнато шоу“ собра триесетина музичари кои оживеаја 17 композиции. Публиката веќе имаше можност да ги слушне „Чеп“, „Лаж“ и „Пегла“, а сега и „20 000“.

Песната поставува едно многу едноставно прашање: за што служат фамозните ’нови работни места’ ветени од страна ама баш на сите политички партии, ако тоа всушност значи дека уште поголем број на луѓе сега ќе работат за плата од дваесетина илјади динари и притоа да бидат натерани да се чувствуваат задоволни што воопшто имаат работа“, објаснува Марко Шелиќ за тематиката на песната „20 000“, која за само 36 часа на неговиот канал на Јутјуб ја преслушале повеќе од 30 000 луѓе.

 

Долгоочекуваното „Напнато шоу“ ќе биде објавено на 1 октомври во издание на „Лагуна“. „Напнато шоу“ е книго-албум, односно книга со диск. Покрај текстовите на сите песни, содржи и фотографии од работата на албумот и книгата, како и авторски текстови кои ја прошируваат сликата за песните и ги дискутираат темите од „Напнатото шоу“. На овој дел работеа голем број луѓе од различна возраст и различни професии, обидувајќи се што подобро да навлезат во секојдневитето, нашето „овде и сега“ – со еден збор, зошто сите живееме напнато шоу. Покрај Марко Шелиќ, автори на текстовите во книгата се и режисерот Кокан Младеновиќ, писателите Давид Албахари, Михајло Пантиќ и Павле Зелиќ, афористичарот Далибор Ѓорѓевиќ, рок енциклопедијата Петар Јањатовиќ, колумнистот Дража Петровиќ, мировниот роботник Милан Цолиќ, психологот и психотерапевт Владан Беара и координаторката на организацијата АСТРА, Елена Крсмановиќ.





Врати се горе ↑