Свет article_big_1362510615gangnam_style_remix_cover

6 март, 2013

2 официјални ремикса на мегахитот „Гангнам Стајл“

Иако со големо задоцнување, по приближно десет месеци откако е објавен, виралниот мегахит „Гангнам Стајл“ деновиве ги доби своите официјални ремикс изданија. Имено, уште при крајот на минатата година, познатиот продуцент и диџеј Афроџек (Afrojack) најави дека тој е единствениот на кој корејската ѕвезда Псај му дозволил официјално да направи ремикс на синглот кој ја одбележа минатата 2012 година, односно песната која е најгледан  видео запис на сите времиња, а влезе и во Гинисовата книга на рекорди како видео запис со најголем број допаѓања. Иако неговата изјава не беше баш точна, бидејќи тој дефинитивно не е „единствениот“ кој направи ремикс на „Гангнам Стајл“, конечно стигнаа две официјални ремикс изданија, а за второто беше задолжен познатиот продуцент Дипло, во кое гостуваат раперите Ту Чеинз (2 Chainz) и Тајга (Tyga).

Магазинот Fuse смета дека Псај, како што неодамна најавил, ги лансирал овие ремикси бидејќи подготвува „нешто ново“ за март или април, додека магазинот Idolator смета дека ремиксите звучат интересно, но дека доаѓаат доцна и дека „нема причина да постојат во март 2013“. Во секој случај, во продолжение преслушајте ги двете верзии на познатиот мегахит.

 

Psy – Gangnam Style (Afrojack Remix 2013)

 

Psy – Gangnam Style Remix (ft. 2 Chainz & Tyga) Diplo Remix 

Извор: MTV



Врати се горе ↑